HomeAbout meContactPhoto BlogSport Blog Photography
13
May
2009
Sport Blog - Остра карпа

Прекрасно качување на гранит, кое наликуваше на оние од Јосемити, за повеке текст на страната на Вертикал

Read more »

Posted by: kuzeto | 3 Comments

30
Mar
2009
Sport Blog - RockTrip - Mаткино Трло

Помина и овај рок трип, многу качување качување и качување, а во мегувреме и по некоја фотографија. Етекако беше викендот на Маткино Трло а повеке на www.verticalbitola.com

Read more »

Posted by: kuzeto | 4 Comments

20
Mar
2009
Козјак

Во ритамот на зимата, 5 члена од Вертикал, поминавме добар викенд на козјак. Иако овајпат не  под снег, некои од нас се одлучивме за кацување со зимска опрема. Ги избиравме тешките линии, и уживавме во неизвесноста, а повеке на www.verticalbitola.com

Read more »

Posted by: kuzeto | 5 Comments

01
Mar
2009
Sport Blog - Патишка Река

Конечно дојде и денот кога и ние ке одиме на Патишка река, Локалитет за качување кај нас во Македонија кој нуди одлични услови за качување по замрзнати водопади. Во друштво во Вања и Игор, го направивме вероватно првото искачување на најтешкиот дел на големиот водопад. Во друштво со вака инспиративни и весели качувачи границите се поместиваат и се е возможно. Читај повеќе на www.verticalbitola.com и www.alpinizam.org

Read more »

Posted by: kuzeto | 11 Comments

23
Feb
2009
Sport Blog - Ice Climbing Пелистер
Историјата за мојот вовед во качувањето, е некако тесно прврзана со оваа локација. Палиснопје е местото, каде што ја направивме, првата насока Туби на 27 Мај 2004г. Насоката каде што се учевме да водиме и буквално се поврзано со качувањето. И еве после 5 години, барајки локација каде што би можеле да замрзниме вештачки направен водопад, повторно е истата насока. Накрај големиите маки со спроведувањето на водниот систем се исплатија. на карпата имаме мраз, со должина околи 15 метри. Горди сме што барем колку што јас знам ова е прв воопшто а и успешен обид во нашата држава за создавање на вештачки услови за качување по мраз.          О Г Р О М Н А  благодарност до Гелчо без него ништо од ова немаше да има. Вчера на 22.02.2009 беше најавен Dry tooling/Ice climbing хепенинг, Но ете поради одредени причини таму бевме само ние од нашиот клуб. Иако децата со огромна желба ги очекуваа качвачите од другите градови, и на почеток малку се разочараа, но на крајот на денот беа полни со елан и возбуда од првото качување на мраз на Пелистер, а за некои и воопшто првото во животот. Уште еднаш се убедив дека имаме потенциал за овај спорт, иако за повекето беше првото сретнување со алатките за мраз, елегантно и смело се префрлуваа по висулките од мраз, кој ни најмалку не беа лесни. Еве и малку фотографии за да видат што пропуштија оние кој не беа со нас.
 

Read more »

Posted by: kuzeto | 10 Comments

16
Feb
2009
Sport Blog - Трескавец (Античка стрела)

Не случајно, толку често пишував и продолжувам да пишувам, инспириран од гранитните форми во околината на Прилеп.
Минатиот пат качувавме болдери на марковите кули а сега конечно долго договараната средба со Игор и Весна од алпинизам.орг, се случи. Имено и покрај лошите временски прогнози кој минатата недела не натераа да се откажиме овај пат не успеаа. Неделата рано сабајле, на автобуската во Прилеп се сретнавме Горан, Вања, Игор, и Весна. Веднаш се упативме кон патот кој води до нивите под карпите околу Трескавец.

Read more »

Posted by: kuzeto | 7 Comments

12
Feb
2009
Sport Blog - Прилеп Болдер

Марковите кули на Прилеп нудат огромни услови за болдеринг. И во предходниот пост пишував за тоа, но сега имам повторно повод. На само 100 -200 метри лево од местото каде што до сега најчесто се качуваше, наидовме на болдери со доста различна форма од досегашните. На овие болдери преовладуваат пукнатини, како ретко каде на друго место на Балканот а можи и Европа. Еве и некое фото, а за повеке на www.verticalbitola.com

Read more »

Posted by: kuzeto | 6 Comments

03
Jan
2009
Sport Blog - Zlatovrv, Treskavec - Prilep

Златоврв, уште една од природните убавини во Македонија. На вакво место можи да се исполни буквално секој. Планината нуди качување од секаков тип, а манастирскиот комплекс Трескавец, целосно се вклопува на амбиентот. Го качивме врвот по интересна линиа, самиот врв е околу 1 метар квадратен и нуди одличен поглед, па еве и неколку фотографии од тој ден

Read more »

Posted by: kuzeto | 11 Comments

08
Dec
2008
Sport Blog - Vraca Bulgaria

Иако временската прогноза не ни даваше надаж за добар качувачки викенд, Јас и Вања сепак решивме, да се движиме со она - зборувај помалку качувај повеќе -

И така викендов колата под нас и после работоното врме тргнавме кон Враца - Бугарија. стигнавме касно ноќта, дуваше урагански ветер, кршеше дрва. Така да решивме шаторот да го поставиме на отворено место кај што "нема" опасност од паѓање на дрво над нас, но то пак не косташе кршење на една од шипките на 4 сезонски шатор. Ветерот дуваше безмилосно и го сравни шаторот со земјата, и така се решивме да спиеме само со вреќи под една стреа, за која се мислевме дали ке падни над нас и кога ке падни :)

Качивме многу добри насоки, од 3 до 6 должини со константни тежини околу 6а; 6b. Многу е тешко да се качува заедно со тој ветер кој дуваше на рафали и едвај останувавме залепени за карпата, и покрај тој студ и ветар насоките ги качувавме 99% слободно и ни направија огромно задоволство. Последниот ден покрај студ и ветер имавме и дожд кој полека премина во снег, и така крајните метри на кучешкиот забги оставивме за следно одење на враца!

Read more »

Posted by: kuzeto | 17 Comments

04
Nov
2008
Sport Blog - BOULDER CHALLENGE “ИТАР ПЕЈО“

Викендов имавме прекрасно време! И додека нашите другарчиња натпреваруваа на првиот МКД DH натпревар на Пелистер, ние бевме Прилеп, на веќе традиционалниот Boulder Challenge "Итар Пејо". Се искачија насоки како нигогаш досега на тоа место. Благодарение на Вертикал спорт имавме и краш-падови и Маркови кули наликуваа на вистински болдер центар.  Бевме посетени и од градоначалникот на град Прилеп, и многу Прилепчани-ки

Кој вика дека требало посебни патики а? Surprised

Read more »

Posted by: kuzeto | 13 Comments

© 2008 www.gorankuzmanovski.com | Designed by EmbedLab